| четврток, 6 декември 2018 |

Шилегов ја стопираше изградбата на 95 фасади

радоначалникот на Скопје Петре Шилегов ја сопре изградбата на фасадите низ Скопје, кои што се реновираа по налог на неговиот претходник Коце Трајановски.

Стопирана е изградбата на 95 фасади кои требаше да добијат нов барокен лик за да се вклопат во амбиентот на „Скопје 2014“ во центарот на градот.

Шилегов за СДК.мк вели дека меѓу стопираните објекти се и зградата на „Пелагонија“ и онаа на ТЦ „Палома Бјанка“, кај кои што веќе се одвиваат градежни работи.

– Дадов усна наредба да се стопираат сите фасади. Станува збор за 95 објекти. За оваа намена биле предвидени околу 90 милиони денари, пари од граѓаните – изјавил Шилегов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top