Андреј Жерновски, заменик министер за надворешни работи на својот фејсбук профил објави дека Сашо Тасевски на денешната владина седница едногласно е избран за директор на Бирото за јавна безбедност.
„Првпат слушнав за него додека беше шеф на обезбедувањето (дел од МВР) во Амбасадата на САД. Од сите амбасадори, со кои лично работеше, добивав само пофални зборови за него. Ова е позитивен пример како се напредува во кариерата според квалитет и заслуга, бидејќи 20 години работи во МВР. И ете чудна правда: на денот кога во Кривичниот суд за денеска е закажано првото рочиште за случувањата во Собранието на Република Македонија од 27 април минатата година, датум кога е и направена оваа фотографија и кога ја докажа своја висока професионалност, Тасевски е поставен за прв човек на БЈБ. Вистински професионалец на вистинско место – пишува Жерновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.