Како и што беше најавено пред неколку месеци, поранешниот градоначалник на Општина Центар, Андреј Жерновски стана дел од Владата.
Тој е новиот предлог за заменик министер за надворешни работи и доаѓа на местото на Арта Точи од Алијансата на Албанците.
Досегашниот заменик министер во здравството, Гоце Чакаровски ја напушта функцијата и на негово место се предлага да биде избран Асим Муса, од ДУИ.
Заменик министер во транспорт ќе биде кадар на ДПА, Сабдик Бекири, а во труд и социјална политика за заменик министер се предлага Ѓонул Бајрактар од партијата на Турците.
Инаку освен за заменици министри, синоќа до Собранието на РМ се испратени и предлозите за нови членови во Владата. Рената Дескоска е кандидат за министер за правда, Арбер Адеми за министер за образование и наука, Афас Адеми за министер за култура и Бардул Даути кандидат за министер без ресор.
Во Собранието се пратени и оставките кои треба да бидат констатирани – за Билен Салији, министер за правда, Рената Дескоска, министер за образование и наука и Роберт Алаѓозовски, министер за култура.
Од Владата во Собранието вчера се пратени и оставките на замениците-министри – Арта Точи од МНР, Гоце Чакаровски од Министерството за здравство, Арбер Адеми од МОН, Елмир Азири од Министерството за труд и социјална политика и Ремзи Мехмети, заменик-министер за транспорт и врски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Жерновски: Чудна правда, Тасевски стана директор на БЈБ на денот кога им се суди на обвинетите од 27 април
-
Жерновски нов заменик-министер за надворешни работи
-
ВМРО-ДПМНЕ: Заев вети дека нема да го блокираат референдумот за доселување на мигрантите или сепак тоа се покажа како уште една голема невистина?
-
Грозданов: Кривична за Жерновски, го опструира Купот на УЕФА