Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески го потпиша договорот со Општата Болница со што се обврза општината финансиски да го помага секое прво и второ родено дете во семејствата во Охрид со еднократна парична помош од 5 000 денари.
-Еднократната парична помош ќе се одвива во две фази. Во првата фаза со оваа ставка ќе бидат опфатени новороденчиња кои што ќе бидат родени во Одделението за гинекологија при Општата Болница во Охрид чии родители живеат и работат на ниво на Општина Охрид. Во втората фаза ќе ги опфати сите оние новороденчиња кои што независно каде се родени во некој град од Македонија или надвор од неа но нивните родители живеат и работа во Охрид- објасни градоначалникот Бакрачески изразувајќи надеж дека општинската иницијатива за еднократна парична помош на новороденчињата во иднина со финансиската стабилизација на Општината ставката за нив ќе биде зголемена.
Бакрачески ги повика сите релевантни институции во рамки на своите можности да предвидат мерки за зголемување на наталитетот во градот
-Се надеваме дека ова ќе биде силен сигал за сите структури во општествово за да ја поддржат оваа наша иницијатива како Локална Самоуправа и да ја подигне свеста кај населението дека наталитетот лежи во основа на сите предуслови за развојот и растот на едно општество-0 рече градоначалникот Бакрачески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


