
Струшката полиција поднесе кривична пријава против 43-годишниот стружанец А.Н. поради кражба. Како што соопшти порпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, тој на 28. јануари, околу 10 часот и 30 минути, од обложувалницата„Бетсити Балкан“ во Струга, одзел 39 илјади денари што ги пронашол во касата.
А.Н. сметал дека има добитна комбинација на ливчето кое претходно го уплатил. Кога му кажале дека неговиот спортски тикет е недобитен, изреволтиран, се упатил кај директорот кој, по извршената проверка му соопштил дека се работи за недобитен тикет. Тогаш, А.Н. ја забележал касата, од каде мошне брзо успеал да ги одземе парите и да избега од местото. По кратко време, полициските службеници кај него пронашле и со потврда му одзеле 39.000 денари, изјави Димоски.
По дополнително извршените проверки, било констатирано дека спортскиот тикет имал недобитна комбинација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ни крив, ни должен „фатил“ 42 000 евра: Одиграл на победа на Барселона, грешката на вработената го направила богат
-
Нападнат вработен во обложувалница во Аеродром: Невозен обложувач фрлал по него со пенкала, со канта удирал во вратата
-
Откриена нелегална обложувалница во Гостиварско: Запленети телевизори и покер апарати
-
Инцидент во обложувалница во Ѓорче: Агресивен скопјанец го скршил излогот, удирал и по апаратите


