Денеска времето ќе биде претежно облачно, а во источните, југоисточните и северноисточните предели ќе биде умерено облачно со сончеви периоди.
Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели од земјата ќе дува засилен источен и североисточен ветер кој ќе достигне брзина и до 25 километри на час. Утринските температури се движат од минус 4 до 3 Целзиусови степени, додека дневните температури ќе достигнат до 2, односно до 9 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе биде претежно облачно со слаб југоисточен ветер. Утринската температура е од 1 степен, а дневната ќе достигне до 7 Целзиусови степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.