Убавата манекенка на „Викторија Сикрет“ и сопруга на српскиот кошаркар Марко Јариќ на социјалните мрежи покажа колку нејзиниот партнер мисли на неа и прави таа да се чувствува сакано.
Ангелот на Викторија Адријана Лима, при снимањето на едиторијал за една модна куќа, доби неочекуван подарок од својот сопруг, Марко Јариќ.
Имено, манекенката доби букет цвеќе кој толку ја воодушеви што таа веднаш го сликаше и го објави на Твитер.
– Само што ми стигна преубав букет со цвеќе на работа. Прекрасно е да си сакан. Фала ти, животе мој – напиша Адријана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



