| четврток, 6 декември 2018 |

Ја крие врската: Марко Јариќ фатен со мистериозна убавица!

Поранешниот кошаркар Марко Јариќ минал пријатно попладне на плажите на Мајами со ќерките и непозната бринета.

Судејќи по фотографиите, девојчињата Валентина(8) и Сиена(6) кои кошаркарот ги доби во бракот со бразилскиот модел Адријана Лима, уживале со таткото и неговата пријателка.

Фотографиите настанале ден после 40 роденден на Марко. Мистериозната девојка не се одвојувала од девојчињата, па со нив заедно и пливала. Според очевидците изгледале како среќно семејство. Според медиумите, ова не е прв пат Јариќ да се појавува во јавност со непознатата девојка. Тие се фатени и минатотото лето на истата плажа, но славниот кошаркар никогаш јавно не прозборе за нивната врска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top