| четврток, 6 декември 2018 |

Познатиот ланец пред затворање

На најпознатиот ланец за долна облека на светот ќе му биде потребна голема помош да се извлече од финансиските проблеми. Брендот „Викторија сикрет“ бележи рекорди во слаба продажба изминатите години, а вредноста на акциите на неговиот концерн “L Brands Inc” во четвртокот паднала за 12 проценти.

Слабата продажба и намалените приходи, управата се обиде да ги надомести со распродажба на своите минатосезонски артикли по промотивни цени. Со оглед на тоа дека таа мерка не вродила со плод и не било забележано значајно подобрување во продажбата, управата се обидела да го продолжи периодот на распродажба за две недели подолго и дополнително да ги намали цените, надевајќи се така ќе стимулира продажба. Меѓутоа, ни тоа не ги спасило.

  • Сметаме дека овогодишната распродажба беше една од поважните причини за нашиот негативен тренд на продажба – смета Ејми Престон, директорка за инвестиции во концернот “L Brands Inc”.

Фактот дека вредноста на акциите паднала нагло не доаѓа како изненадување, посебно ако се земе предвид дека во текот на минатите години вредноста на акциите на концернот паднала за 46 проценти.

  • Главна причина за нашата неуспешна продажба е заситувањето на купувачите – смета аналитичарката за продажба Роксен Мејер, нагласувајќи дека конкурентните компании кои долната облека ја нудат по пониски цени е една од главните причини зошто брендот ја изгубил својата препознатливост на пазарот.

Брендот бележи послаба продажба веќе неколку квартали, затоа што купувачите повеќе не се подеднакво подготвени да платат долар повеќе за брендирана долна облека, туку се одлучуваат за поевтини и практични опции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top