Годишната ревија на „Викторија сикрет“ се одржа во Шангај, Кина.
Ангелите и моделите на „Викторијас сикрет“ таму отпатуваа пред неколку дена, за да можат интензивно да се подготвуваат за ова спектакуларно 22-ро по ред модно шоу на еден од најголемите производители на долна облека.
Во ревијата учестуваа 55 модели, повеќе и помалку познати, а во ангелските редови оваа година се вратија Кендис Свинпул и Карли Клос.
Ветеранките Адријана Лима, Алесандра Амбросио, Лили Олдриџ, Кендис Свинпул, Џасмин Тукс, како и младата Џиџи Хадид се само некои од моделите кои блеснаа во парчињата на престижната модна куќа за долна облека.
Ангелите на „Викторијас сикрет“ носеа неколку раскошни стајлинзи, со повеќе тематски костими, во стилот на панк-рок, бајка итн… кои вклучуваат крила изработени од кристали „Сваровски“ и маслинови гранчиња.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.