Поранешниот кошаркар, Марко Јариќ повеќе од два месеца ужива во врска со Сања Брновиќ, манекена и поранешна учесничка на Големиот брат. Парот ја започнал врската на Црногорското приморје, а се привлекле штом се запознале.
-Како двајцата одмараа на исто место во Црна Гора, беше прашање на време кога Марко ќе тргне да ја освојува Сања, бидејќи се гледаше дека му се допаѓа. После неколку дена од запознавањето, повторно се видоа и започнаа врска. Сепак тие се договорија да ја кријат врската од сите. Јариќ е тој кој е повнимателен и никако не сака да се дознае за нив-тврди извор за Ало.
Сања е заљубена и ги прифатила условите на Марко, со цел да ја сочуваат врската од јавноста, но таа не се сложува во целост со условите на својето момче.
-Таа поради желбата на Марко да не се дознае за нив, се гледа со него само по места каде нема ризик некој да ги види. Најмногу време поминуваат во стан, сокриени од сите, но на тоа тој инсистрира. Таа не е најсреќна поради тоа, но се надева дека ваквата ситуација нема да трае долго -додал изворот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.