Зад затворени врати за спорот со уставното име на нашата земја разговарале грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос и неговиот француски колега Лоран Фабиус.
Двајцата министри разговарале за грчко-турските односи и за спорот со Македонија, при што се сложиле дека ги поддржуваат кандидатите за членство доколку ги исполнуваат сите критериуми за влез во Унијата. Особено бил нагласен „случајот на Скопје“ и условите што ги поставил Европскиот совет во декември за решавање на прашањето за името.
Аврамопулос и Фабиус заклучиле дека голема можност за Грција претствува нејзиното претседателство со Унијата во 2014 година „со кое земјата повторно ќе има шанси да ги истакне своите предности“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



