| четврток, 6 декември 2018 |

Нани на позајмица во Интер?

Португалскиот репрезентативец Нани кој игра за Манчестер Јунајтед би можел уште во зимскиот преоден рок да ги засили редовите на Интер. Нани се поврзуваше со трансфер во Јувентус, но до тоа не дојде бидејќи португалецот не сакаше да се одрече од 4.5 милиони евра по сезона кои ги зема во Манчстер. Интер со новиот сопственик сака да ги засили редовите како би можел да биде конкурентен за место кое води во Лигата на шампионите. „Бјанконерите“ се согласни да го доведат на позајмица до лето и да ги платат обврските према играчот со што на лето да го откупат договорот.
Манчестер Јунајтед сака да го продаде играчот уште во овој преоден рок, но доколку не пристигат соодветни понуди можно е да го позајми фудбалерот на Интер.
Нани во есенскиот дел од сезоната многу малку добиваше шанса за настап, а со доаѓањето на Мата во клубот неговото заминување е се поизвесно.
Нани изјавува дека сака да си замине од Јунајтед како би добил поголема минутажа во некој друг клуб, како би можел поподготвено да го дочека светското првенство кое се игра во јуни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top