Сите го користиме пребарувачот на „Гугл“ за да пронајдеме страници поврзани со поимот што го бараме. Ова е карта на европските држави со додадени т.н. зборови со автоматско комплетирање (autocomplete), кои се врзуваат со впишаната држава.
Оваа карта на пребарувачот „Гугл“ ја направи Роналд Олсон, асистент-истражувач на државниот Универзитет „Мичиген“ во САД.
Македонија е една од ретките земји на таа мапа за која се врзува поимот – важна. Со повеќето држави од регионот се врзува поимот – сиромашна, а со Хрватска – убава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


