| четврток, 6 декември 2018 |

Манчестер јунајтед цели високо, по Мата ги сака и Диего Коста и Фелипе Луис

Манчестер јунајтед го купи Хуан Мата за 37 милиони фунти, најавува продолжување на договорот со Вејн Руни, а зимскиот преоден рок ќе го искористи и за ангажман на уште најмалку двајца врвни играчи. Цел се опасниот стрелец на Атлетико Мадрид, Диего Коста, и неговиот соиграч Фелипе Луис.

Јунајтед има лоша полусезона и се наоѓа на седмата позиција со 37 бода, дури 14 помалку од лидерот Арсенал. „Црвените ѓаволи“ најавија дека веќе се договорени и со третиот фудбалер од Атлетико, Коке, но тој трансфер ќе биде реализиран налето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top