| четврток, 6 декември 2018 |

Ангеловски: Обрван ми опцу мајка (видео)

Иако Европското првенство денеска заврши, тоа сѐ уште е топ-тема во нашата ракометна репрезентација. Ракометарот Бранко Ангеловски по само три дена откако се вратија од Данска за „Тера“ говореше за проблемот со тренерот Ивица Обрван. Тој, исто така, додаде дека со изјавата што ја даде не сакал да навреди ниту еден член на нашиот национален тим, ниту, пак, кого било од раководството на РФМ .

– За време на мечот со Данска селекторот в лице ме опцу, по мечот со сите се поздрави освен со мене. Знаев дека немам што да барам повеќе и се пакував да си одам. Но, моите репрезентативни другари дојдоа и ме молеа да останам, бидејќи пред нас беа клучните натпревари. Подоцна за да ја оствариме целта, да влеземе во вториот круг, молчевме за инцидентот и затоа капитенот излезе со изјава дека молчиме за мир во куќата. Немам ништо против натурализацијата, но доколку ни донесе плус квалитет и доколку биде на местата каде што ни е неопходна, на пример на лев бек. Не се каам за мојата изјава бидејќи е дадена од душа – изјави Ангеловски.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top