Во „македонското дерби“ во Романија, ЧСМ Букурешт пред својата публика ја победи водечката Доброгеа Суд Констанца со 28-24. Звонко Шундовски со ЧСМ Букурешт, најде ефикасно решение како да го сопре својот поранешен тим кој има извонредна победничка серија.
Во победата на ЧСМ Букуреш, Гоце георгиевски постигна два гола. На спротивната страна, во составот на Констанца, Бранислав Ангеловски запиша три гола.
По 13 одиграни натпревари, Констанца е на лидерската позија со 11 победи и само два порази и со вкупно 33 бода, еден помалку од второпласираниот Динамо Букурешт.
ЧСМ Букурешт е на 5.место со 24 бода, а едно место погоре со 26 бода е тимот на Одорхеи за кој настапуваат Горан Кузманоски, Гоце Ојлески и Милорад Кукоски. Темнишвар со Филип Лазаров и Златко Даскаловски е осми со 15 бода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.