| четврток, 6 декември 2018 |

Пенезиќ и Лазовиќ доаѓаат во ЖРК Вардар

Ракометарките на Вардар добиваат засилување. Како што е објавено на клупскиот сајт, од следната сезона во тимот доаѓаат две нови ракометарки. Се работи за десниот бек Барбара Лазовиќ и Андреа Пенезиќ, која е лев бек. Двете ракометари во Скопје ќе пристигнат од тимот на РК Крим.

Пенезиќ е една една од најдобрите хрватски репрезентативки, пет години по ред е прогласувана за најдобар играч во Хрватска. Таа го напушта Крим откако клубот се најде во финансиска криза. Со словенечкиот шампион договорот го раскинаа пет врвни ракометарки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top