| четврток, 6 декември 2018 |

Вознемирувачко видео: Победата на Евертон со горчлив вкус, Овиедо со двојна скршеница на ногата

Победата на Евертон од 4-0 во националниот куп на Англија против Стивениџ е со горчлив вкус, по тешката повреда и двојна скршеница на ногата на Брајан Овиедо. Играчот на Евертон има двојна фрактура на левата нога, по еден старт во обид да спречи удар на противничкиот играч Симон Хеслоп.

Овиедо веднаш беше пренесен во болница, а повредата веројатно ќе значи негово отсуство и од Светското првенство во Бразил, што ќе се игра од 12 јуни до 13 јули. Брајан е репрезентативец на Костарика, репрезентација што е во група со Англија, Италија и Уругвај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top