| четврток, 6 декември 2018 |

Државната кардиохирургија станува реалност во Македонија

Со реализацијата на проектот за изградба и отворање на Државна кардиохирургија се очекува развој на кардиохиругијата, со овозможување на конкуренција, со ангажирање странски лекари за обука на домашниот кадар кои ќе продуцираат  нови стручни лица од државата.

Премиерот Груевски денеска соопшти дека веќе се почнати активностите за набавка на опремата во вредност
од 106 милиони денари.

Тој исто така соопшти дека се во завршна фаза преговорите со двајца врвни кардиохирурзи од Италија кои  ќе бидат носители на обуката на нашите лекари и нормално и самите тие ќе извршуваат операции заедно со нашите лекари во првите две години, а постоела и комуникација со Градската болница во Цирих со која што се разговарало  за можноста таа на некој начин да биде ментор на Државната кардиохирургија.

Со ова би се овозможило постојано да има нивни тимови лекари, сестри, болничари и цел потребен персонал за кардиохируршки операции, кои би се менувале на неколку месеци и би обучуле што повеќе тимови во Македонија, најави Груевски. Исто така, планирано е во Скопје да се отвори
се отвори катедра по кардиохирургија каде што најмалку десет студенти ќе се запишуваат секоја година .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top