| четврток, 6 декември 2018 |

Милевски останува до јуни во Вардар, се чека потврда од Самсоненко?

Благоја Милевски е се уште актуелен тренер на фудбалскиот клуб Вардар, а вчера тој бил и на разговори со претставници на новото раководство и веројатно ќе остане на клупата на шампионот до јуни, кога му истекува важечкиот договор. За потврда на продолжување на соработката со Вардар, сепак Милевски ќе треба да почека, а главниот збор ќе го има новиот сопственик Сергеј Самосоненко.

„Точно е дека разговаравме, но ќе треба да се почека на одлуката на новиот сопственик Самсоненко. На почетокот на февруари ќе имам средба со него, по што ќе се знае дали ќе останам на клупата на Вардар“, ни изјави Милевски.

Тој има голем дел од заслугите за седмата титула на Вардар во македонското првенство (клубот има вкупно 8 со таа од СФРЈ), освоена лани, а беше прогласен и за најдобар тренер кај нас за 2013 година.

Новото раководство на„црвено-црните“ предводено од Самсоненко кој ги купи акциите во Вардар, треба да ги прецизира и деталите со напаѓачите Филип Ивановски и Илчо Наумоски, кои веќе тренираат со клубот, но се уште немаат потпишано договори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top