Лисица влегла преку прозор во соба на едномесечно бебе. Инцидентот се случил во Лондон. Дивото животно го нападнало бебето, му го гризнало прстот. Мајката спиела во соседната соба и се разбудила кога тоа почнало да вика. Била запрепастена кога влегла во собата. Успеала да го избрка животното пред да го проголта прстот.
Бебето веднаш било однесено во болница, каде лекарите му го сошиле прстот. Според „Дејли Мејл“ покрај прстот тоа имало и големи гребаници по лицето, но е надвор од животна опасност.
Лондонскиот градоначалник, Борис Џонсон се надева дека момчето ќе биде добро. Тој потенцираше дека властите ќе мора да најдат начин да ги избркаат лисиците од градот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка
-
Лора и Филип го чекаат своето прво дете: Сузана Турунџиева не го откри полот на бебето
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Секунда до трагедија: Бебе летна од рацете на мајка си кога до нив експлодирала гума (видео)