Македонија ќе игра бараж-дуели за пласман на ракометното Светско првенство што ќе се одржи во Катар во 2015 година, а двата дуели со сѐ уште непознатиот противник ќе се играат во јуни годинава.
Грото од можните противници се познати, а според силата, рејтингот и квалитетот, добро би било да играме со јужниот сосед Грција, потоа и со Литванија, а за избегнување се силните селекции на Германија, Словенија, Норвешка и на Црна Гора.
Ждрепката за бараж-двојките ќе се одржи во Хернинг, Данска на 26 јануари.
Македонија со пласманот на десеттото место на Европското првенство во Данска си обезбеди привилегирана позиција и ќе биде во барабанот каде што се селекциите со повисок рејтинг. Покрај нас тука ќе бидат уште осум репрезентации кои се пласираа од петтото до 13. место на ЕП во Данска.
Директен пласман за СП во Катар ќе обезбедат трите репрезентации што ќе освојат медали во Данска, плус и четвртиот полуфиналист Шпанија, како бранител на трофејот.
Прв барабан: Исланд, Полска, Шведска, Унгарија, Русија, МАКЕДОНИЈА, Австрија, Белорусија и Србија.
Втор барабан: Норвешка, Чешка, Црна Гора, Германија, Словенија, Грција, Литванија, Романија и Босна и Херцеговина.
Директен пласман од европските репрезентации обезбедија Шпанија, Данска, Хрватска и Франција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.