| четврток, 6 декември 2018 |

Шпанија убедлива, Македонија сепак најави дека има потенцијал

Шпанија ја порази Македонија со 33-22 во последниот меч од Групата 1 во втората фаза, а триумфот на светскиот првак е апсолутно заслужен и им носи пласман во полуфиналето и битка за медалите на ЕП во Данска.

Лошата игра во одбраната беше голем проблем за новиот систем на игра на Ивица Обрван, и тоа без Кирил Лазаров во составот, но Македонија не разочара. немавме решение за расположените Канејас и Агинагалде во првиот дел и за разиграните Македа, Гарсија и Томас во второто полувреме.

pRIBAK

Во нашиот табор свежина донесе одличната соработка на Филип Миркуловски со Стојанче Стоилов и Немања Прибак, а солидно во нападот одиграа и Манасков, Георгиевски и Митков. најефикасен беше Миркуловски со 6 гола, а по 4 дадоа Стоилов и Манасков. Со една победа против Австрија, едно реми со Чешка и 4 чпорази од Данска, Унгарија, Исланд и Шпанија, Македонија го освои десеттото место на ЕП.

stole

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top