Министерот за Надворешни Работи, Никола Поповски и заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими утре, 22 јануари, во Брисел ќе се сретнат со претставници на институциите на Европската Унија.
За време на посетата ќе се оствари заедничка средба со еврокомесарот за проширување на ЕУ, Штефан Филе, каде ќе се разговара за напредокот во исполнувањето на клучните приоритети од пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД) како и понатамошно продолжување. На состанокот ќе се разгледаат перспективите на европскиот интегративен процес на Република Македонија во 2014 година.
Вицепремиерот Бесими ќе се сретне и со известителот во Европскиот парламент Ричард Ховит, каде ќе го информира за последниот напредок во клучните реформски области.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.