| четврток, 6 декември 2018 |

„Вагинални монолози“ вечерва во „Станица 26“

Во Клубот „Станица 26“ вечерва премиерно ќе се прикаже претставата „Вагинални монолози“ во режија и адаптација на Нела Витошевиќ. Во претставата која е збир од монолози на жени од различни милјеа, кои зборуваат за искуставата на сопствените вагини, играат Ирена Ристиќ, Тања Кочовска и Весна Петрушевска, а костимите во преставата се на Елена Лука.

„Вагинални монолози“ е познато дело на американската авторка Ив Енслер, кое е создадено од вистински приказни на околу двесте жени од различни социјални слоеви, од различно време и од сите страни на светот. „Вагинални монолози“ по успехот во 1997 година и добивањето на престижната награда „Оби“ се појави и како книга која стана бестселер, преведен на преку 30 јазици.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top