Поразот во дербито со Челси им ги отвори очите на сите во Манчестер јунајтед дека од одбрана на шампионската титула нема да биде ништо, а меѓу оние кои „прогледаа“ е и капитенот Немања Видиќ, кој на вчерашниот натпревар заработи црвен картон.
– Сега веќе премногу заостануваме зад водечките тимови и единствено што ни останува е да се фокусираме на борба за едно од местата кои водат во Лигата на шампиони. Се надевам дека со малку среќа ќе успееме да ја постигнеме таа цел, само е потребно да размислуваме позитивно и максимално да работиме – изјави Видиќ, кој додаде дека неговиот тим не бил толку лош во дуелот со Челси, туку дека противникот ги искористил нивните грешки.
Како доказ дека Манчестер јунајтед е надвор од шампионската титула говори табелата, на која „црвените ѓаволи“ по 22 одиграни кола заостануваат дури 14 бода зад лидерот Арсенал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.