| четврток, 6 декември 2018 |

Пандев пред заминување во Тотенхем

pandev_1405810cИталијанските медиуми тврдат дека Пандев е блиску до заминување од Наполи, а негова наредна дестинација ќе биде најверојатно Тотенхем, пренесува Суперспорт.

Наполи го донесе Жоржињо од Верона, а можеби и  Бастос од Ал Аин, п Пандев не би и требал повеќе на екипата.

Искусниот репрезентативец би можел да ја засили конкуренцијата во нападот на Тотенхем, по заминувањето на Дефо во Торонто.

Пандев во Наполи е од 2011 година, а оваа сезона на 16 натпревари во Серија А постигна 6 голови и 3 пати беше асистент.

Вредноста на нашиот репрезентативец се проценува на 5 милиони фунти, а тоа би требало да биде доволно за да го донесе Тотенхем во своите редови.

Тотенхем и Челзи уште во 2009 година му „фрлија око“ на Пандев кога играше за Лацио.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top