Судирот на фудбалски филозофии кои, според мислењето на многумина, моментално го играат најубавиот фудбал во Европа, вечерва ќе биде вркстен на Етихад, а огромно внимание ќе привлече и натпреварот меѓу славните Галактикоси и Петли во Мадрид.
Третото коло од Лигата на шампионите ветува спектакл и токму двата наведени натпревари меѓу Манчестер Сити и Наполи, односно Реал Мадрид и Тотенхем, се средбите од кои најмногу се очекува.
Лигата на шампионите досега ги оправда очекувањата, бидејќи во досегашните 32 одиграни натпревари во рамките на првите две кола од групната фаза беа постигнати 102 погодоци, односно 3,19 по натпревар, што и понатаму е повеќе од рекордниот просек кој беше забележан минатата сезона.
Прв стрелец во Лигата на шампионите е Хари Кејн, а зад него се Бен Једер со 4, Кристијано Роналдо (4), Едисон Кавани (4), Ромелу Лукаку (3) и така натаму.
Покрај овие дерби натпревари вечерва не очекуваат и натпреварите меѓу:
Марибор – Ливерпул
Спартак Мосва – Севиља
Фејнорд – Шјахтјор
Лајпциг – Порто
Монако – Бешикташ
АПОЕЛ – Борусија Дортмунд
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Прв триумф на Металург во Лигата на шампиони
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)