Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот од вчера е на Саемот за туризам во Утрехт, Холандија каде што го претставува туристичкиот потенцијал на Македонија.
Македонија се претставува на Саемот за туризам во Утрехт, Холандија со нови промотивни материјали, на голем штанд, со транспаренти, кои оддалеку го привлекуваат вниманието на посетителот.
– Направена е уште една успешна промоција во Утрехт, која претставува почеток на низа планирани промотивни активности во правец на зголемување на бројот на туристи од овој исклучително значаен европски пазар. Остваривме успешни средби со најголемите тур-оператори кои веќе неколку години ја нудат Македонија на овој пазар и со оглед на тоа дека се наоѓаме во државата од која што имаме најголем број туристи и интерес за посета на Македонија. Холандските посетители сами приоѓаат со неверојатен интерес и желба да дознаат што повеќе за Македонија која може да понуди освен езерски и активен, рурален, вински, ловен и културан туризам. Промоцијата на Македонија е во соработка со туристиките агенции и хотелиерите од Македонија како и Агенцијата за странски инвестиции. Презентацијата на туристичкиот потенцијал на нашата земја беше проследена со дегустација на македонска храна и вино на кои ниту еден посетител не остана рамнодушен – изјави директорот на Агецијата за поддршка и промоција на туризмот, Кристијан Џамбазовски.
– Би сакал да изразам задоволство од одличната презентација на туристичката понуда на Македонија во Утрехт. На средбите со тур-операторите Корендон и ТУИ бев информиран дека резервирањето за престојната сезона е значително зголемено во однос на истиот период минатата година. Со ваков тренд, можеме да очекуваме исклучително успешна година за туризмот – изјави амбасадорот на Република Македонија во Холандија, Никола Димитров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.