Се урива објектот на „Скопски Саем”, во текот на целиот ден градежна механизација и работници интензивно работеа на уривање на објектот.
Економски Лидер неофицијално дознава дека советот на Општина Гази Баба, нема издадено дозвола за рушење на албанскиот инвеститор, кој ќе гради нов стамбен комплекс.
Советници од општината, за Лидер брифираат дека никој не го ставил ова прашање на дневен ред, како и дека не се развила никаква дебата со граѓаните на општината.
Инвеститор на оваа локација е од најбогатите бизнисмени од Албанија, Самир Мане, кој во емисија на ТВ Клан, годинава најави дека ќе започне изградбата на инвестициски комплекс на местото на стариот „Скопски Саем”, вреден 300 милиони евра.
Тој минатата година го купи банкротираниот Скопски саем. Проектот тој го најавува како нов Албански мини град.
Повеќе информации и фотографии има објавено на ЛИДЕР
„East Gate“ демантира: На Скопски Саем се руши со дозвола од Гази Баба
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.