| четврток, 6 декември 2018 |

Победа против Австрија, за сигурен пласман во втората фаза

Многу калкулации и пресметки има за евентуален пласман на Македонија во вториот круг на Европското првенство во Данска. Засега сме блиску до настап во втортата фаза, но теоретски има неколку варијанти што можат да не исфрлат од игра.

Прв критериум што одлучува кој ќе оди поанатаму при евентуален круг на репрезентации со ист број бодови се меѓусебните средби. Дури потоа одлучува вкупната гол-разлика, а ако и тука се случи чудо и репрезентациите имаат ист биланс, ќе решава која селекција има постигнато повеќе голови. Ако има случај за „Рипли“, па и тука бројките се поклопат, тогаш ќе се одлучува со ждрепка.

Македонија во секој случај треба да ја победи Австрија со што би ги елиминирала сите теории за испаѓање, а во таков случај дури би имале и два бода што се пренесуваат од првиот круг во втората фаза.

Засега имаме еден пораз од Данска и реми со Чешка и негативна гол-разлика од 8 погодоци. Данска е сигурна и веќе обебзеди пласман понатаму со две победи, а битка за двете преостанати места водат Австрија со една победа и пораз и Македонија и Чешка со по еден бод. Нам ни одговара високиот пораз на Чесите од Австрија во првата рунда од 20-30, но може да испаднеме дури и да се случи очекуваната победа на Данска во последното коло против Чешка.

Во тој случај ако ние загубиме од Австрија со 3 гола повеќе, од негативата на Чешка со Данска, би испаднале поради полоша гол-разлика од Чесите. Калкулации има многу, а добро е што Македонија сама си ја крои судбината и со победа над Австрија утре од 18,15 часот сигурно ќе игра во новофромираната група против три од четирите селекции кои се во Б групата. Противници би ни биле Шпанија, Исланд, Унгарија или Норвешка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top