| четврток, 6 декември 2018 |

Штохл е несовладлив во првиот дел во Хернинг, Чешка води со 11-10 на полувремето

Чешкиот голман Штохл немаше свој ден против Австрија, но вечерва брани одлично против Македонија и за 30 минути игра прими само 10 гола, а притоа одбрани дури 10 удари на ракометарите од нашиот состав.

Чешка даде 11 гола, Борко Ристовски добро брани кај нас, но нападот не ни функкционираше, па постигнавме премалку погодоци во првиот дел.

Поведовме со 6-3, благодарение најмногу на прецизноста на капитенот Кирил Лазаров, кој постигна 5 гола, но Чесите со серија од 4-0 за првпат поведоа. Потоа се играше гол за гол, а Јиха не казни во последните моменти и и донесе предност на Чешка од 11-10, резултат со кој се замина на одмор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top