| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија фаворит против Чешка во обложувалниците, ќе мора да го потврдиме тоа и во Хернинг вечерва

MACEDONIA VS CZECH REPUBLIC

Македонија е фаворит во мечот против Чешка, вториот натпревар на македонските ракометари на Европското првенство во Данска. Според обложувалниците, коефициентот за победа на нашите ракометари се движи од 1,65 до 1,85, додека за триумф на Чешка до 2,40. Натпреварот меѓу Македонија и Чешка почнува во 18.15 часот.

Историјата на досегашните средби на селекциите на Македонија и Чешка е поволен за денешниот противник. Чесите имаат три победи за Чешка, двапати ние славевме, а еднаш беше нерешено.

Квалификации за ЕП – Шпанија 1996

Чешка – Македонија 33-16
Македонија – Чешка 27-27

ЕП – Италија 1998

Чешка – Македонија 38-18

СП – Германија 2007

Македонија – Чешка 36-31
Чешка – Македонија 43-25

ЕП – Србија 2012

Македонија – Чешка 27-21

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top