
Приоритет на грчката државна компанија за електродистрибуција ДЕИ за оваа година е изградба на нова хидроцентрала во Македонија, како и учество во работата на веќе постојна хидроцентрала.
Овој проект го најави директорот на ДЕИ, Артур Зервос, на конференцијата „Инвестирање во енергијата 2014“ што се одржува во главниот град на Грција.
Во својот говор на собирот, Зервос истакна дека во 2014 година ќе биде ставен акцент на стратешка експанзија на компанијата во странство.
Во овој контекст, ќе почнат да работат две подружници на ДЕИ во Бугарија и Турција, кои ќе се занимаваат со трговија со електрична енергија.
Што се однесува до активностите во Македонија, ДЕИ ќе учествува на тендер на македонската влада за проектирање, финансирање, изградба, управување и одржување на нови хидроцентрали, но и за учество во работата на веќе постојни погон, информира Зервос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


