| четврток, 6 декември 2018 |

Хари Потер наскоро во театрите во Лондон

jk-rowling

Џ.К. Ролинг, авторката на романите за Хари Потер, се враќа во светот на својот главен јунак, но само за театарите во Лондон.

Премиерата  во лондонскиот „Вест Енд“ е планирана за 2015 година и авторката на романите изјави дека во претставата ќе има досега нераскажани делови од детството на Потер, додека бил сирак, аутсајдер и бегалец.

– Тоа ќе биде една претстава за легендарниоот млад волшебник која ќе ги освои срцата на гледачите – изјави Џ.К. Ролинг.

Таа ќе биде и копродуцент на претставата, ќе соработува на сценарието, а кој ќе го напише сценариото и кој ќе ја режира претставата, уште не се знае.

– Многу години ме убедуваа Хари Потер да го преселам во театар, но дури сега визијата на Сони Фридман и Солин Календер ме освои – изјави Ролинг.

Со повеќе од 450 милиони продадени романи и дури осум успешни филмски дела, Ролинг е една од најбогатите жени во Англија. Се чини дека оваа претстава ќе постигне голем успех.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top