Британската авторка Џоан К. Роулинг најави дека претставата за Хари Потер ќе биде премиерно изведена во 2016 година на Вест Енд во Лондон.
Претставата „Хари Потер и проколнатото дете“ ќе го донесе „нераскажаниот дел“ од приказната за детето волшебник, вклучително и приказната за животот на неговите убиени родители, напиша Џоан К, Роулинг на „Твитер“ без да навлезе во поединости од претставата.
Влезниците ќе се продаваат од есенва, а претставата ќе се изведува во „Палас театар“ во летото 2016 година.
Роулинг, исто така, објави дека изминаа точно 18 години откако е објавена првата книга за Хари Потер – „Хари Потер и каменот на мудреците“, како и дека на претставата соработува со писателот Џек Торни и со режисерот Џон Тифани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.