| четврток, 6 декември 2018 |

„Хари Потер“ уште носи пари- столче продадено за 394.000 долари

tocka-192461Скромното дрвено столче на кој седела Џоан К. Роулинг додека ги пишувала првите томови од серијалот бестселери за Хари Потер, продаден е за 394.000 во средата на надавање во Њујорк.

Непознат купувач платил на аукцијата во њујоршкиот хотел „Waldorf Astoria“ осум пати повеќе од процената која претходно беше објавена.

Станува збор за една од четирите различни столици кои Роулинг ги добила во 1995 година за нејзиниот стан кога била млада самохрана мајка во Единбург во Шкотска. На него седела кога работела на романите „Хари Потер и Каменот на мудреците“ објавен во Велика Британија во 1997 година, и „Хари Потер и Одајата на тајните“ од 1998 година, првите два од седумте томови од оваа волшебна сага.

h pотер stolceЏоан Роулинг е авторка на седумте книги за Хари Потер издадени во периодот од 1997 до 2007 година, кои се преведени на 67 јазици, продадени во вкупен тираж од повеќе од 450 милиони примероци, што ја направи мултимионерка. Во 2011 година беше екранизирани последниот дел од серијалот работен по сториите за малиот волшебникот. Минатата 2015 година брендот „Хари Потер“ е проценет на 7 милијарди британски фунти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top