| четврток, 6 декември 2018 |

Завршија покемоните, пристигнува „Хари Потер ГО“

harry-potter-go

Компанијата која ја создаде Покемон Го сега развива верзија на играта со проширена реалност, но овој пат основана на серијалот „Хари Потер“. Компанијата Ниантик официјално најавија дека работат на Хари Потер Го поради огромниот успех на Покемон Го играта.

Со оглед на тоа што 15 милиони корисници низ светот ја преземале Покемон Го, обожавателите на серијалот книги на Џ.К. Роулинг и филмовите за момчето-волшебник, отворија петиција за Ворнер Брадерс да создадат слична игра со Хари Потер.

– Побарувачката за оваа игра е апсолутно ненормална, па одлучивме да и дадеме шанса- рекол Маркус Фигероа, еден од директорите на Ниантик. Датата на која играта ќе биде објавена не е позната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top