Голманот на Данска, Никлас Ландин, се пожалил од нашиот пикер Столе Стоилов дека наводно му се заканил по натпреварот.
– Добив предупредување од македонскиот пикер дека така не би смеел да се однесувам ако игравме во Македонија, туку само на домашен терен, пред нашата публика. Можам да му порачам дека секаде така би реагирал кога би ме удриле три пати во главата – изјавил Ландин.
Тој два-три пати ненамерно беше погоден со топката во глава од Гоце Ојлески и Филип Миркуловски, по што реагираше со закани кои наидоа на одобрение од домашната публика.
Ландин бил предупреден од Стоилов во моментот кога го оттурна нашиот бек Филип Миркуловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.