| четврток, 6 декември 2018 |

Скопскиот аеродром повторно затворен поради магла

Поради маглата која го покри Скопје и понатаму аеродромот „Александар Велики“ е затворен за сообраќај. Утрово полетал само авионот на Wizz Air кој сообраќа на релација Скопје – Лондон, Лутон.

Инаку, скопскиот аеродром и синоќа поради густата магла беше затворен за сообраќај и го пролонгираше заминувањето на нашите ракометари на ЕП во Данска. Тие со автобус отпатуваа до Софија, а потоа со авионот од таму полетаа за Данска каде ќе ги бранат боите на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top