Намалена видливост од 20 до 30 метри поради магла има на патениот правец село Лисец – Попова Шапка. Слаб снег провејува на Шапка, Стража, Маврово и Крушево.
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по претежно влажни коловози, соопштија од ЈП Македонија пат. Информираат дека нивни дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
Од „Македонија пат“ апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.