Поради магла до 100 метри е намалена видливоста во Сарамзалино, Струмица, Катланово-Велес-Катланово, Тетово, Стража, Македонски Брод и Ресен, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.
Според веб страницата на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, од утринава се реализраат предвидените летови, а има најава за доцнење од 40 -ина минути на слетувањето од Цирих и полетувањето кон таа дестинација, како и на летот за Истанбул.
Според АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.