| четврток, 6 декември 2018 |

Турчин се обидел со „фалц“ документи да влезе во Македонија: Кога го фатиле, побарал политички азил

Околу 10 часот на скопскиот аеродром, вчера на влез допатувал А.М. (25) од Р. Tурција со турска патна исправа. По извршена пасошка контрола и проверка
констатирано било дека горенаведеното лице евидира со мерка одземање патна исправа, по барање на Интерпол, информира МВР.

Откако турската патна исправа и личната карта биле дополнително проверени, констатирано било дека се фалсификувани, а во неговиот багаж била пронајдена друга турска лична карта со податоци на име Т.Т.А. (24). По изготвеното Решение за одбиен влез и при обид да биде качен во авион, лицето побарало политички азил во РМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top