По влажни коловози, со остатоци од снег и намалена видливост поради магла, се одвива сообраќајот на дел од патиштата во државата.
На патот Тетово – Попова Шапка, од село Лисец до Попова Шапка, поради остатоци на снег на коловозот задолжителна е употреба на зимска опрема за сите видови возила.
Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 100 метри има на патните правци Прилеп – Битола и Делчево – Македонска Каменица, од 70 до 100 метри на патиштата Штип – Радовиш и Штип – Неготино, додека на патните правци Удово – Гевгелија и Удово – Демир Капија видливоста е од 80 до 90 метри.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.