Канцерогените пакувања на млеката „Дукат“ и „Виндија“ воопшто не се присутни на македонскиот пазар, тврдат производителите на двата производа кои се застапени речиси на целиот Балкан.
Македонските потрошувачи на производите на „Дукат“ се безбедни, соопшти денеска хрватскиот производител откако надлежните органи во Хрватска констатирале отстапување од пропишаните дозволени количини микотоксини кај два нивни производа.
– Компанијата превентивно ги повлече од пазарот двете ограничени серии од трајните млека кај кои е утврден сомнеж за зголемено ниво на микотоксин, со што тие не претставуваат опасност за потрошувачите – стои во соопштението.
Едниот од двата производа кај кои прелиминарните контроли покажале „минимални отстапувања од пропишаните дозволени количини“ на микотоксин – трајното млеко „Дукат“ со масленост од 2,8 отсто во тетрапак пакување од половина литар, воопшто не се увезува во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



