| четврток, 6 декември 2018 |

Обрван: Ќе се бориме за што подобар пласман

Македонските ракометари се подготвуваат за нови предизвици - Европското првенство во ракомет, кое се оддржува во Данска. Нашите момци стартуваат на 12 јануари, а во нашата група, покрај домаќинот Данска, се и Чешка и Австрија. „Република“ разговараше со ракометарите за тоа што очекуваат од ова првенство. Денеска ви ја пренесуваме изјавата на селекторот Ивица Обрван

Ивица Обрван

Роден: 02.06.1966 година

Обрван е поранешн ракометар и хрватски ракометен репрезентативец. Неговата тренерска кариера ја започнал во 1999 година, како тренер на „Метковиќ“, потоа го предводеше тимот на „Горење“,  исто така и екипата на „Медвешчак“. Денеска тој работи како тренер и селектор на македонската ракометна репрезентација.

Во неговата ракометна кариера Обрван може да се пофали со златен медал од Медитеранските игри во 1993 година, а исто така и со бронзен медал на Европското првенство во Португалија во 1994 година.

obrvanВо разговорот за Република Обрван вели дека верува во момците и во целиот колектив и е задоволен од досегашните подготовки и дека главната цел им е пласман во втората фаза.

Во спортот никогаш не може да речете ние не го сакаме тоа или не можеме, секогаш морате да одите на победа. Таму каде што припаѓа репрезентацијата на Македонија и покрај сите тешкотии што ги имаме ќе се бориме за што подобар пласман, против сите ќе одиме на победа, сепак има четири или пет фаворити на првенството и мораме да кажеме дека Македонија не е помеѓу нив – вели Ивица Обрван.

Целиот разговор погледнете го на следниот линк на „Република ТВ“.

filip-lazarov1 Mirkulovski manaskov-520x344 goce-georgiev-520x264 vanco nikola-mitrevski-520x344 pribak-520x306 borko ace-jonovski-520x305 branko-angelovski mitkov
Слушнете ги предвидувањата и очекувањата на Филип ЛазаровФилип Миркуловски, Дејан Манасков, Гоце Георгиевски,
Ванчо Димовски, Никола Митревски, Немања ПрибакБорко Ристовски, Аце Јоновски, Бранислав Ангеловски и Влатко Митков.

Разговараше: Владо Оцевски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top