| четврток, 6 декември 2018 |

Таинствената енергија на Бигорскиот манастир

Гру­па од два­е­се­ти­на ту­ри­сти, кои прет­ход­но се по­мо­ли­ја пред чу­до­твор­на­та ико­на на све­ти Јо­ван Кр­сти­тел, са­каа да доз­на­ат не­што по­ве­ќе за ма­на­сти­рот во чест на све­те­цот. Ме­ѓу нив има­ше и Ру­си и Укра­ин­ци, и Гр­ци и Ро­ман­ци, и си­те тие од игу­ме­нот Пар­те­ниј до­би­ја од­го­вор на ја­зи­кот на кој го по­ста­ви­ја пра­ша­ње­то

И по­крај ви­у­ли­ци­те и ве­трот мо­же­те да го за­бе­ле­жи­те и во зи­ма, при­су­те­н е и на­про­лет и во те­кот на ра­на есен, но, спо­ред мно­гу­ми­на, нај­до­бро мо­же­те да го до­жи­ве­е­те ме­ѓу мај и сеп­тем­ври. Чу­дес­ни­от звук на при­ро­да­та, кој ве до­пи­ра ко­га сте во дво­рот на „Све­ти Јо­ван Кр­сти­тел“, а за кој збо­ру­ва­ат мно­гу­ми­на што го по­се­ти­ле ма­на­сти­рот, сѐ уште е ениг­ма. Ве­ро­јат­но ни­ту на­уч­ни­ци­те не ќе мо­жат да откри­јат да­ли Кр­чин пра­ќа тај­ни по­ра­ки или Ра­ди­ка пре­ку жу­бо­рот на сво­и­те ди­ви во­ди рас­ка­жу­ва за ве­ко­ви­те пред нас или, пак, при­ро­да­та на свој на­чин ја рас­ка­жу­ва при­каз­на­та за Би­гор­ски­от ма­на­стир. Ду­хов­на­та енер­ги­ја се чув­ству­ва со си­те чо­веч­ки се­ти­ла ко­га ќе се заг­ле­да­те во хо­ри­зон­тот кон Ро­сту­ше, Тре­би­ште и кон Би­ту­ше и по­та­му кон Де­шат. Со по­мал или по­го­лем ин­тен­зи­тет неа ја чув­ству­ва­ат си­те, и хри­сти­ја­ни и мус­ли­ма­ни, и пат­ни­ци на­мер­ни­ци, и аван­ту­ри­сти што па­ту­ва­ат од за­пад кон исток, и ре­дов­ни вер­ни­ци, кои не мо­жат да за­мис­лат да го по­ми­нат па­тот од Де­бар кон Ма­вро­во, а да не за­ста­нат и да за­па­лат све­ќа за здрав­је на најб­ли­ски­те.

Не е тај­на де­ка ос­но­ва­чи­те на ре­чи­си си­те ма­ке­дон­ски ма­на­сти­ри из­би­ра­ле по­себ­ни ло­ка­ции за из­град­ба на об­је­кти од ка­де што се ши­ре­ло хри­сти­јанс­тво­то на овие про­сто­ри. Ако трг­не­те од „Тре­ска­вец“ пре­ку „Све­ти На­ум“ и „Зр­зе“, сѐ до „Рај­чи­ца“, се­ка­де гле­тка­та и ви­бра­ци­и­те што ги до­жи­ву­ва­те се фас­ци­нант­ни. И се­ка­де мо­же да се по­чув­ству­ва де­ка при­ро­да­та зра­чи со по­себ­на енер­ги­ја. И во Би­гор­ски­от ма­на­стир не ви тре­ба по­себ­на на­уч­на по­твр­да за те­зи­те де­ка и тој, ка­ко и дру­ги­те све­ти­ли­шта, е ло­ци­ран на сил­на енер­гет­ска точ­ка.

Bigorski-reportaza-2

Духот на новата библиотека може да го почувствува секој гостин

Игу­ме­нот Пар­те­ниј – по­зи­тив­на­та си­ла на ма­на­сти­рот

Но не е са­мо при­ро­да­та и искон­ско­то тоа што ја соз­да­ва оваа енер­ги­ја. Лу­ѓе­то во не­го пред се, се глав­на­та при­чи­на за си­те по­зи­тив­ни си­ли што ќе ги по­чув­ству­ва­те во ве­ков­ни­те ќе­лии сме­сте­ни над до­ли­на­та. Игу­ме­нот Пар­те­ниј нѐ пре­че­ка во дво­рот, при­дру­жен од сво­и­те со­бра­ќа, по­сто­ја­но да­вај­ќи им су­ге­стии на де­се­ти­на­та мај­сто­ри што ден­та ко­га „Ре­пуб­ли­ка“ бе­ше та­му ра­бо­теа на по­ста­ву­ва­ње на огра­ди­те од об­но­ве­ни­те де­ло­ви на ма­на­сти­рот. За мо­мент бе­ше раз­о­ча­ран. Не му се до­па­ѓа­ше што те­шки­те ма­сив­ни огра­ди од да­бо­во др­во се пре­тем­ни, но вед­наш се нас­мев­на и ре­че де­ка не е страш­но, на­про­лет мо­же да се ин­тер­ве­ни­ра за да се сре­ди ра­бо­та­та. По ти­ту­ла е ар­хи­ман­дрит, но за мно­гу­ми­на и ов­де во ма­вров­ско-ре­кан­ско–де­бар­ски­от крај и во По­ло­шко и во Охрид­ско тој е и вла­ди­ка и надв­ла­ди­ка. „Ти­ту­ли­те не го пра­ват чо­ве­кот, де­ла­та и гос­под Бог се тие што нѐ опре­де­лу­ва­ат кои сме и ка­кви сме“, ве­ли Пар­те­ниј за ко­го единс­тво­то во цр­ква­та и во на­ро­дот е по­важ­но од ка­кви би­ло лич­ни при­до­би­вки и по­зи­ции. За жал, тој е ме­ѓу мал­цинс­тво­то во МПЦ ОА, кој збо­ро­ви­те ги пре­тво­ра во ап­со­лут­на ви­сти­на во овој кон­текст.

Bigorski-reportaza-4

Отец Кирил е библиотеркарот одговорен за прастарите книги

Bigorski-reportaza-3

Мо­бил­ни­от те­ле­фо­нот по­сто­ја­но ѕво­ни. Го ба­ра­ат за со­вет, за уте­ха, за по­мош, за да го пра­ша­ат ка­ко е со здрав­је­то. Те­шко е вед­наш да се по­го­ди да­ли тој му ја да­ва енер­ги­ја­та на ма­на­сти­рот или це­ла­та исто­ри­ја и искус­тво на све­ти­ли­ште­то го­во­ри пре­ку не­го­ва­та по­ја­ва. Це­лос­на спи­ри­ту­ал­на ко­хе­зи­ја ме­ѓу два­та ен­ти­те­та. Сѐ дру­го е не­ло­гич­но и не­при­род­но.

Ка­ко го­ло­бра­до мом­че се дви­жи по ска­ли­те, кои на мо­мен­ти не се со­од­вет­но обез­бе­де­ни по­ра­ди ра­бот­ни­те за­фа­ти, но тоа не е проб­лем за игу­ме­нот. Го знае се­кој нај­мал и на­ви­дум нај­не­ва­жен дел од 10.000 ква­драт­ни ме­три, кол­ку што Би­гор­ски­от ма­на­стир има за­тво­ре­на по­вр­ши­на. Се­ко­ја де­таљ, од мо­дер­ни­те лам­би за­ка­че­ни на ѕи­до­ви­те од ход­ни­ци­те, а кои ед­вај мо­же­те да ги раз­ли­ку­ва­те од ста­рин­ски­те га­зи­е­ни лам­би, па сѐ до го­ле­ми­от клуч од но­ва­та куј­на, се из­бра­ни со по­себ­на про­це­ду­ра, со по­се­бен на­пор. И сѐ со цел из­го­ре­ни­от ма­на­стир и ду­хов­но, но и естет­ски без­бол­но да ја про­дол­жи вр­ска­та со тра­ди­ци­ја­та не­гу­ва­на со ве­ко­ви.

Bigorski-reportaza-11

Нај­до­бри­от глас во ви­зан­ти­ско­то
цр­ков­но пе­е­ње

Про­ше­тка­та нѐ во­ди до сто­ма­то­ло­шка­та ор­ди­на­ци­ја. Единс­тве­на во Ма­ке­до­ни­ја сме­сте­на во ма­на­стир­ски комп­лекс. Оваа ов­де не ра­бо­ти со си­ни кар­то­ни и со пар­ти­ци­па­ци­ја. Игу­ме­нот знае вед­наш што ќе пра­ша­ме и са­ми­от об­јас­ну­ва. Во неа ра­бо­тат го­сти-сто­ма­то­ло­зи, не­го­ви ду­хов­ни че­да, кои са­ми­те до­а­ѓа­ат ко­га ќе мо­жат, нај­че­сто за ви­кен­ди и за праз­ни­ци. Се ко­ри­сти за одр­жу­ва­ње на ден­тал­на­та хи­ги­е­на на мо­на­си­те и на лу­ѓе­то што ра­бо­тат во ма­на­сти­рот, но, пред сѐ, е актив­на при трет­ма­нот на за­вис­ни­ци­те, кои ов­де, под за­кри­ла на Бо­га и на ду­хов­ни­от тим на Пар­те­ниј, го на­о­ѓа­ат тол­ку по­треб­ни­от мир за пре­ки­ну­ва­ње на кон­та­ктот со лес­ни и со по­те­шки дро­ги. Отка­ко ќе пре­ки­нат со ко­ри­сте­ње на нар­ко­ти­ци­те, за­вис­ни­ци­те се со­о­чу­ва­ат со проб­ле­ми со за­би­те и за­тоа ме­сто да одат на за­бар над­вор од ма­на­сти­рот и да се со­о­чу­ва­ат со иску­ше­ние, тие се­га се тре­ти­ра­ни вна­тре. Сто­ти­ци, мо­же­би, ил­јад­ни­ци ду­ши што по­ба­ра­ле лек за сво­и­те кри­зи до­се­га се спа­се­ни со мо­ли­тва и со дру­ги ду­хов­ни ме­то­ди за кои не са­кав­ме да пра­шу­ва­ме. Тоа што е јас­но и без да пра­ша­те е де­ка глав­на­та со­стој­ка на трет­ма­нот е огром­на­та љу­бов и жел­ба­та да им се по­мог­не на за­гу­бе­ни­те ду­ши, кои од раз­ни при­чи­ни влег­ле во пе­ко­лот на­ре­чен дро­га.

Bigorski-reportaza-5

Новата кујна е по сите стандарди

Ко­ри­сте­ње­то ин­тер­нет е доз­во­ле­но са­мо со доз­во­ла на игу­ме­нот. Ова се збо­ро­ви­те на нат­пи­сот за­ка­чен пред ад­ми­ни­стра­тив­на­та кан­це­ла­ри­ја на Би­гор­ски­от ма­на­стир. На комп­ју­те­рот фон­тот е на ма­ке­дон­ски, ру­ски, анг­ли­ски, грч­ки, ита­ли­јан­ски ја­зик. Ба­рем тол­ку за­бе­ле­жав­ме ние ба­рај­ќи на­чин да ко­му­ни­ци­ра­ме со над­во­реш­ни­от свет. Два­е­сет­те мо­на­си и де­се­ти­на­та мо­на­хи­њи во ма­на­сти­рот „Све­ти Ѓор­ѓи­ја“ во се­ло­то Рај­чи­ца кај Де­бар, на два­е­се­ти­на ки­ло­ме­три од ов­де, за­ед­но го­во­рат два­е­се­ти­на ја­зи­ци. Ка­ко функ­ци­о­ни­ра тоа во ре­ал­ни­от жи­вот ви­дов­ме на са­ми­от по­че­ток на на­ши­от пре­стој ко­га гру­па од два­е­се­ти­на ту­ри­сти, кои прет­ход­но се по­мо­ли­ја пред чу­до­твор­на­та ико­на на „Све­ти Јо­ван Кр­сти­тел“, са­каа да доз­на­ат не­што по­ве­ќе за ма­на­сти­рот во чест на све­те­цот. Ме­ѓу нив има­ше и Ру­си и Укра­ин­ци, и Гр­ци и Ро­ман­ци, и си­те тие од игу­ме­нот Пар­те­ниј до­би­ја од­го­вор на ја­зи­кот на кој го по­ста­ви­ја пра­ша­ње­то. Но не е са­мо тоа при­чи­на­та што ма­на­сти­рот се­ко­ја го­ди­на е сѐ по­по­се­тен од стран­ски вер­ни­ци. Си­те што дош­ле ов­де по­втор­но се вра­ќа­ат и со се­бе но­сат свои при­ја­те­ли или ја пре­не­су­ва­ат сво­ја­та вер­зи­ја за уба­ви­на­та и за мо­ќта на ма­на­сти­рот. Еден од нив е гр­кот Па­на­јо­тис Со­ма­лис, еден од нај­до­бри­те гла­со­ви во ви­зан­ти­ско­то цр­ков­но пе­е­ње на на­ше­то вре­ме, ко­го авто­рот на овој текст го за­поз­на пред не­кол­ку го­ди­ни на Илин­ден во се­ло­то Ла­за­ро­по­ле, во цр­ква­та „Све­ти Ѓор­ѓи“. И по­крај тоа што та­му беа пог­ла­ва­рот на МПЦ и вла­ди­ци­те Ага­тан­гел и Ти­мо­теј, гла­вен лик, по­ра­ди сво­јот глас и ли­дерс­тво во пе­е­ње­то цр­ков­ни пес­ни на илин­ден­ска­та ли­тур­ги­ја, бе­ше Гр­кот Па­на­јо­тис, кој не­ре­тко е на го­сти во ко­на­ци­те на „Све­ти Јо­ван“. Сто­ти­ци Гр­ци се­ко­ја го­ди­на се го­сти на ма­на­сти­рот, најм­но­гу по­ра­ди до­бри­те при­ја­тел­ски вр­ски на Би­гор­ски­от ма­на­стир со све­то­гор­ски­те ма­на­сти­ри, ка­ко и со мно­гу­број­ни цр­ков­ни ве­ли­ко­до­стој­ни­ци од Гр­ци­ја.

Bigorski-reportaza-6

Трпезаријата е најголема во Македонија – има место за 270 гости

Вле­гов­ме и во куј­на­та ка­де што се­којд­нев­но се го­тви во но­ва­та опре­ма, ко­ја ги за­до­во­лу­ва стан­дар­ди­те ХА­САП. По­крај мо­дер­ни­те апа­ра­ти за до­ма­ќинс­тво мо­жат да се за­бе­ле­жат но­ви ре­ше­ни­ја за фур­ни­те што се рас­пад­наа во ка­та­стро­фал­ни­от по­жар, си­те тие се на­пра­ве­ни во ори­ги­на­лен ста­ри­ни­ски стил и се ед­на­кво функ­ци­о­нал­ни. Овие де­но­ви во Би­гор­ски­от ма­на­стир, со­се мај­сто­ри­те, има по сто­ти­на лу­ѓе, а за праз­ни­ци и за ви­кенд број­ка­та на лу­ѓе до­стиг­ну­ва и 200 од кои 20 се мо­на­си. Сме­сте­ни се во ма­ли ќе­лии–со­би, во кои, ка­ко и не­ко­гаш, има са­мо кре­вет и скро­мен гар­де­ро­бер. И мо­на­си­те и мај­сто­ри­те и шти­те­ни­ци­те ве­ќе поч­наа да ја ко­ри­стат но­ва­та го­ле­ма тр­пе­за­ри­ја, нај­го­ле­ма во Ма­ке­до­ни­ја. Со­би­ра 270 го­сти и иа­ко сѐ уште не е го­то­ва ве­ќе е се­фто­са­на. Во еден дел од неа сво­јот оброк го до­би­ва­ат до­ма­ќи­ни­те и го­сти­те. Си­те за­ед­но, на че­ло со ар­хи­ман­дри­тот. И таа, ка­ко и нај­го­лем дел од об­но­ве­ни­те де­ло­ви на ма­на­сти­рот, е из­гра­де­на со по­мош, за неа е пла­тен са­мо ма­те­ри­ја­лот, а из­вед­ба­та е дар од мно­гу­број­ни­те до­на­то­ри.

Bigorski-reportaza-9

Отец Арсениј е основачот на манастирот „Свети Јован Крстител“

Вер­ни­ци­те по­ма­га­ат

Мно­гу­ми­на се ја­ви­ја за по­мош, ве­ли Пар­те­ниј, си­те ги за­пи­шу­вав­ме за што се под­го­тве­ни да по­мог­нат и ка­ко што до­а­ѓа вре­ме кон­та­кти­ра­ме со нив. Ни­кој не го пов­ле­кол збо­рот. По по­чет­ни­те проб­ле­ми со про­е­ктот, при што нај­го­ле­ма­та ди­ле­ма би­ла да­ли да се гра­ди са­мо спо­ред дам­неш­ни­те гра­деж­ни пра­ви­ла или спо­ред мо­дер­на­та тех­но­ло­ги­ја и да се за­чу­ва ста­рин­ски­от стил, се­га ма­на­сти­рот не­ма ад­ми­ни­стра­тив­ни проб­ле­ми за при­ем на ди­рект­ни до­на­ции, со кои рас­по­ла­га­ат мо­на­си­те, а не­ма проб­лем ни­ту со фи­нан­си­и­те. Вла­да­та ту­ка е клуч­ни­от играч, ве­ли Пар­те­ниј и му се заб­ла­го­да­ру­ва на Бо­га за раз­би­ра­ње­то што го има­ат пре­ми­е­рот Гру­ев­ски и Вла­да­та за по­тре­би­те на ма­на­сти­рот.

Bigorski-reportaza-10

Параклисот Свети Никола се слика 3 години

Игу­ме­нот Пар­те­ниј нѐ од­не­се и во виз­ба­та ка­де што се чу­ва­ат бу­ри­ња­та со рас­ол но и огро­мен број тег­ли и зим­ни­ца. Дел од неа ја пра­ви­ме са­ми, а го­лем дел но­сат и го­сти­те, ве­ли тој и ни об­јас­ну­ва кол­ку е те­шко да се обез­бе­ди хра­на за си­те лу­ѓе во те­кот на це­ла­та го­ди­на. И го­сти­те зна­ат де­ка не е лес­но да се обез­бе­ди хра­на за лу­ѓе­то што гра­ви­ти­ра­ат кон ова све­ти­ли­ште, па за­тоа ов­де ре­тко кој до­а­ѓа, а да не до­не­се не­што „на по­мош“.

Bigorski-reportaza-7

Масата за правење на кори за баклава

Во еден дел од ма­на­сти­рот се на­о­ѓа­ат про­сто­рии во кои е по­ста­ве­на спе­ци­јал­на ма­са на ко­ја еден од мо­на­си­те – пе­ка­ри пра­ви ко­ри за бак­ла­ва. Овој про­из­вод на би­гор­ско­то брат­ство, за­ед­но со поз­на­та­та би­гор­ска ма­сти­ка, на ко­ја стои по­ра­ка­та „пиј но не опи­вај се“,се оче­ку­ва во на­ред­ни­ве го­ди­ни да ста­не еден од нај­поз­на­ти­те мар­ки на та­ка­на­ре­че­но­то не­ду­хов­но про­из­водс­тво на ма­на­сти­рот. За ду­хов­но­то и за вер­ско­то зна­че­ње, за ико­ни­те и за на­да­ле­ку про­чу­е­ни­от ико­но­стас за кој ле­ген­ди­те ве­лат де­ка Ти­то мо­жел да до­бие 10 ми­ли­јар­ди до­ла­ри кре­дит, ка­ко и за дру­ги­те исто­ри­ски и вер­ски пра­ша­ња по­вр­за­ни со ма­на­сти­рот, мо­же­те да про­чи­та­те на од­лич­но под­го­тве­на­та веб-стра­ни­ца bigorski.org.mk.

Bigorski-reportaza-8

Це­ла „Ре­пуб­ли­ка“ е пре­тес­на за да се ка­же сѐ

Во оваа ре­пор­та­жа се оби­дов­ме да по­све­до­чи­ме за тоа ка­ко се од­ви­ва об­но­ва­та на хра­мот за кој мно­гу­ми­на, и тоа од раз­лич­ни ве­ри и на­ции, пу­шти­ја сол­зи во тоа мрач­но утро на 30 сеп­тем­ври 2009 го­ди­на. Ре­тко кој ќе про­ти­вре­чи де­ка ни­ту во нај­го­ле­ма­та кни­га на све­тот не­ма до­вол­но про­стор да се опи­ше енер­ги­ја­та што зра­чи од до­ли­на­та на Ра­ди­ка спро­ти Ро­сту­ше. За­тоа два­та ка­пи­тал­ни де­ла од об­но­ве­ни­те про­сто­рии, биб­ли­о­те­ка­та и но­ви­от па­рак­лис, ви ги пре­не­су­ва­ме пре­ку фо­то­гра­фии. Игу­ме­нот Пар­те­ниј не го ка­жа збо­рот „вос­хит“, но се чи­ни де­ка ток­му со не­го мо­же да се опи­ше изра­зот на не­го­во­то ли­це ко­га го­во­ре­ше за биб­ли­о­те­ка­та и за па­рак­ли­сот во чест на „Све­ти Ни­ко­ла“ на кој ве­ќе три го­ди­ни ра­бо­ти мла­ди­от умет­ник Го­ран Бо­ев од Ка­ва­дар­ци, за­ед­но со се­стра Ана од Рај­чи­ца, чиј­што из­во­нре­ден та­лент мо­же да се ме­ри со кој би­ло ака­дем­ски умет­ник. А биб­ли­о­те­ка­та и ду­хот што го ши­ри и ка­ко ме­сто ка­де што бли­ка му­дрост и ка­ко ар­хи­те­ктон­ско ре­ше­ние не мо­же да се по­чув­ству­ва са­мо пре­ку сли­ка. Среќ­ни­ци­те што ќе има­ат мож­ност да вле­зат во неа ќе се се­тат на овие збо­ро­ви ко­га ќе ги ви­дат стол­бо­ви­те на кои по­чи­ва. И ќе ја раз­бе­рат сим­бо­ли­ка­та на неј­зи­ни­те стол­бо­ви и зо­што ги но­сат ток­му да­де­ни­те ли­ко­ви и ими­ња.

пишува: Горан Момироски
фото: Република

Текст објавен во 70. број на неделникот „Република“, 3.01.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top