Рио Фердинанд, Немања Видиќ и Патрис Евра, тројцата влијателни играчи од одбраната на Манчестер јунајтед, се на излезната врата од клубот бидејќи од нивните игри не е задоволен менаџерот Дејвид Мојес.
„Црвените ѓаволи“ се во криза, немаат добар старт на сезоната, а излез ќе биде редуцирање на составот и ангажман на нови играчи. Интересно е што Фердинанд, Видиќ и Евра заедно имаат одиграно веќе од 1.000 натпревари за тимот од „Олд трафорд“ и освоија 30 значајни титули.
Според најавите на британските медиуми, „чистката“ што се готви во Манчестер јунајтед ќе зафати поголем дел од ветераните во клубот, се шпекулира дека дури 8 играчи ќе си заминат во зимскиот преоден рок. Најавено е дека Мојес ќе добие 100 милиони фунти за ангажман на засилувања во следниот период.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Кога Англија игра фудбал, Британците ги тепаат жените
-
По пауза од 28 години Англичаните се во полуфинале на фудбалското СП
-
Англичаните се спасија во судиското продолжение