| четврток, 6 декември 2018 |

Дани заштитно лице на „ПС фешн“ (ФОТО)

Секогаш насмеаната и позитивно расположена поп-рок пејачката Дани Димитровска стана заштитно лице на регионалната модна куќа „ПС фешн“. Посветена на дизајнот и производството на префинета женска гардероба, накит и аксесоари „ПС фешн“ за кратко време го освои српскиот пазар, но и останатите во регонот. Веќе неколку месеци модната марка е присутна и во Македонија, а токму Дани Димитровска ја одбраа како соодветно заштитно лице.

dani2

– Во Дани го пронајдовме токму она што го баравме за еден наш амбасадор: моќна и успешна модерна жена, со изграден препознатлив стил, секогаш подговтвена да се соочи со предизвиците. Истовремено таа е женствена и софистицирана, па нашите модни парчиња совршено прилегаат на нејзиниот имиџ – изјавува Марија Михајлова, застапник на „ПС фешн“ за Македонија.

dani1

– Да се биде амбасадор на еден ваков моден бренд за мене е голема чест и задоволство. Се пронајдов во нивните префинети модели и се чувствувам како комплетна вистинска дама презентирајќи ја оваа модна куќа – вели Дани.

Семејната приказна на „ПС фешн“ почнала 1995 година во Србија, а денес освен во Македобија е присутна со повеќе од 70 продавници во Србија, Хрватска, Малта, Босна и Херцеговина, Црна Гора.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top